КОНТАКТ


Здружение на Металурзи на Македонија
ул Ругер Бошковиќ 16
1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 75 111 111
email: sojuz@t-home.mk

Од историјатот на ЗММ

Здружението на металурзите на Македонија како стручно, доброволно, масовно и вонпартиско здружение на граѓани е основан на 21.11.1996 година, со издвојување на металуршката секција од Сојузот на инженери и техничари на рударска, геолошка и металуршка струка на Македонија, при што ги продолжи активностите и традициите на дотогашната металуршка секција.

Иницијатори за формирање и основачи се истакнати општествени, стопански, научни и стручни работници од областа на металургијата во Македонија (вработени во тогашните Рудници и железарница ,,Скопје”, професор од Технолошко - металуршки факултет, претставник од Министерство за наука, Металуршко - хемиски комбинат ,,Злетово”, Југохром - Јегуновце, Фенимак- Кавадарци, МЗТ Леарница- Скопје, Алумина-Скопје, ТЕАЛ - Тетово, ЕМО- Охрид, ФЗЦ 11.Октомври- Куманово, Силика- Гостивар и Тане Цалески - Кичево.

На основачкото собрание на кое беа присутни 183 делегати со Одлуката за формирање на Сојузот на металурзите на Македонија, беа усвоени и основните цели и задачи:

  • да го потикнува и унапредува металуршкото производство во државата;
  • да ги унапреува знаењата и да се грижи за натамошно проширување на знаењата на инженерско-техничкиот кадар и другите стручни металуршки кадри;
  • непосредно да организира и дава потстрек на инженерите, техничарите и другите дејци во металургијата за развивање на творечки иницијативи за развојот на производните сили од областа на металургијата и обработката на металите и пратечките индустрии на металургијата;
  • да соработува на задачите и прашањата од заеднички интерес со соодветните републички органи, стручни организации, металуршки претпријатија, Стопанската комора на Македонија и образовно- научните инстутуции од државата и странство;
  • да ја организира и следи работата на стручните одбори за разните области во металургијата;
  • да ја организира, кординира и унапредува работата во стандардизацијата во металургијата и металуршкото производство и производи од други индустрии кои се неопходни за металуршкото производство и да дава предлози до стопанските претпеијатија и надлежните државни органи;
  • да организира и води стручно издавачка дејност од областа на металургијата, металните материјали и сродните технички и научни гранки;
  • да организира семинари, стручни советувања и изложби од областа на металургијата и помошните технички гранки во металургијата;
  • да ја претставува металуршката струка, наука и еснаф на Македонија во мегународните организации и сојузи од областа на металургијата.

За тринаесет години од постоењето на СММ, истиот успешно ја реализира зацртаната програма и слободно може да се каже дека е еден од најактивните членки на Инженерската инстутуција, во кој е доброволно здружен зедно со другите Сојузи на инженери од различни профили. Покрај сопственате активности, претставници на СММ се активни и во органите и телата на Инженерската инстутуција на Македонија. Претседателот на ИМИ е досегашниот претседател на СММ.

Сојузот на металурзите на Македонија е еден од иницијаторите и оснивачите (покрај бугарскиот и српскиот сојуз на металурзи) на Балканскиот сојуз на металурзи, каде исто така преку своите претставници активно учествува во работата на неговите органи и тела.

Покрај другите активности во склоп на Програмата, меѓу металурзите е многу популарно и со масовно учество одбележувањето на денот на металурзите на Македонија: 6.мај - Ѓурѓовден. И пред формирањето на СММ, овој ден се одбележуваше со неформално собирање и дружење на металурзите. Со формирањето на Сојузот 6.мај официјално и статутарно е прогласен за ден на металурзите и почнувајки од 1997 година организацијата за одбележување на денот на металурзите ја превзема извршниот одбор на Сојузот на металурзите. Се задржа традицијата на другарските вечери, но програмата се дополни и со работен дел, при што вообичаено се одржуваат тематски конференции на актуелни теми, често со меѓународно учество. Последните години, за организирање на оваа годишна манифестација, извршниот одбор наидуваше на разбирање кај поголемите металуршки претпријатија и успеваше да обезбеди генерален покровител и спонзор. Досега генерални покровители и спонзори беа: Макстил А.Д. Скопје, Фени индустри А.Д.- Кавадарци и Силмак дооел- Јегуновце, додека АрчелорМиттал беше генерален покровител на В. металуршка конференција одржана во септември 2008 година.

Покрај другите активности што ги превзема извршниот одбор на СММ, за одбележување е иницијативата дадена од нејзина страна за формирање на Фондација за стипендирање на студенти по металургија. Актот за формирање на фондацијата беше потпишан на самиот ден на металурзите на 06.05.2005 година. Оснивачи на Фондацијата се Сојузот на металурзите на Македонија, Макстил А.Д., Силмак дооел, Фени индустри А.Д., Митал стил А.Д. и Скопски легури дооел.

cestitka